(ВИДЕО) Погледнете како изгледа жена стара 2.400 години – реконструкција на глава на мумија

од desk4
102 прегледи

Реконструирана глава на мумија стара 2400 години, објавија светските медиуми. Експертот Урсула ВитверБакофен од Универзитетот во Фрајбург ја реконструирала главата на мумијата со помош на дигитална техника, без да ги отстранува ленените ленти, со кои било покриено мумифицираното тело на жената.

Посетителите можат да се восхитуваат на сликата на жена со црна коса, темни очи, тенки усни и мали брчки на лицето. Многу сум среќен од добиените резултати, изјави експертот за мумии Оливер Гауерт.

Тој е соработник на музеј во Хилдесхајм кој е партнер во организирањето на изложбата.

Мумијата е жена со над 60-годишна возраст, која живеела во Луксор и имала само 5 заба. Сепак социјалниот статус бил висок, појасни експертот. Изложбата ќе трае до 17-ти декември.