(Видео) Половина метар снег на Велебит

од desk2
212 прегледи

 

На сред пролет, на северниот дел од хрватската планина Велебит падна половина метар снег.

„Повторно нѝ падна снег“, напишаа од Националниот парк „Северен Велебит“ на својата фејсбук страница, со фотографии од Завижан каде утрово наврнаа 29 см снег.

Почетокот на седмицава, како и почетокот на мај, донесе како што беше најавено, нагла промена на времето со заладување па и снег на планините.

Снег вчера падна и во Словенија и направи проблеми во сообраќајот, а бранот се префрли на Хрватска и оди кон Босна и Херцеговина.