Вчера вечер беа промотивно емитувани за прв пат спотот и песната кои годинава ќе не претставуваат на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија.
Нашиот претставник Јана Бурческа во Киев ќе ја претстави Македонија со песната „Dance Alone“ (Танцувај Сам(а)), отпеана на англиски јазик.
Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.
По официјалното пуштање на видео записот во интернет просторот, песната постојано е споделувана по социјалните мрежи со позитивни коментари како за самиот модерен звук, така и за креативниот спот кој сосема одговара на синглот.