(ВИДЕО) Пронајдено страшно наследство од д-р Менгеле, „Ангелот на смртта„

од Vladimir Zorba
569 прегледи

 

Делови од тела и човечки мозоци на жртви на ужасни експерименти на нацистички доктори, вклучувајќи и го прочуениот “Ангел на смртта” Јозеф Менгеле, биле откриени во еден од водечките германски истражувачки институти, пишува “Дејли Меил”.

Image_5747320_126

Страшните останки беа пронајдени за време на поправките на психијатрискиот институт во Минхен уште минатата година, но израелските медиуми известија за нив едвај оваа недела.

Познато е дека за време на Втората светска војна во Институтот редовно добивале делови од човечки тела од Јозеф Менгеле, лекарот во логорот на смртта во окупирана Полска, кој не се е срамел од тоа дека епознат по експериментите над луѓето кои ги извршувал без анестезија.

Од Институтот тврдат дека деловите биле користени од нацистичкиот истражувач на човечкиот мозок – Јулиус Халерфорден, кој правел експерименти со луѓе за време на војната и по неа.

Тој дури бил директор на одделот по невропатологија на Институтот во 1938 година, а Истражувачки комитет веќе почнал да ги идентификува некои од жртвите, од кои се земени деловите со цел евентуално тие да бидат погребани во заеднички гроб.

Институтот на официјалниот сајт соопшти : “Видно фрустрирани сме од овие откритија и нивното отсуство во наште архиви. Ќе ја информираме јавноста за секоја нова информација која ќе ја откриеме и притоа ќе има целосна транспарентност “. Кој е “Ангелот на смртта”?

Беспрекорно облечен, Јозеф Менгеле ги поздравувал пристигнатите логораши во концентрациониот логор Аушвиц во окупирана Полска. Со едно движење со покриени раце со ракавици, тој бил висок арбитер меѓу животот и смртта, а ги испраќал во ужас затворениците или да работат, или на смрт во гасните комори.

Но многумина, особено близнаци, биле осудени на нешто жестоко; тие станувале заморчиња на операциската маса, додека тој како ревносно обземен од идеата да клонира синоок ариевски суперчовек. Повеќето од жртвите умираат во ужасни болки, без анестезија.

Менгеле имал докторат по медицина од Универзитетот во Франкфурт, но користи и познавања од озлогласениот начин на живот на логорашите кои се сместени во Аушвиц, Тој врши експерименти како лекар припадник на СС во периодот од 1943 до 1945 година, иако пренесените во неговото крило ги избегнуваат гасните комори и се добро хранети, тие често завршуваат со многу болна смрт.

Тој беше најмногу заинтересиран за наследните карактеристики и еднаш се обидел да ја промени бојата на очите на дете со инјектирање на хемикалии директно во зениците. Тој бил специјално фасциниран од близнаците и истражувал околу 3.000 парови, но само околу 100 преживеале.

Трудниците го привлекувале неговото внимание и тој изведувал вивисекции на нив пред да ги испрати во коморите. Т.Н. “Ангел на смртта” бил на листата на најбарани нацисти, направен од командантите на сојузничките сили, но успеал да избега во Јужна Америка и никогаш не го откриле и покрај напорите на Мосад.

Јозеф Менгеле починал во 1979 година од мозочен удар добиен за време на пливањето, а 13 години подоцна со ДНК тестови се покажало дека тоа навистина биле негови останки.