(ВИДЕО) Ричард Никсон во Белата куќа сокрил тајни информации за вонземјани

од desk4
85 прегледи

Поранешниот државен секретар на САД, Роберт Мерит, направи зачудувачка изјава. Според него 37-от претседател на САД Ричард Никсон сокрил во Белата куќа капсула која содржи информации за НЛО и вонземјани, пишуваат руските медиуми.

Капсулата беше длабоко во подземјето под официјалната резиденција на американскиот претседател. Само Никсон ја знаел неговата локација. Мерит раскажува дека претседателот се одлучил на ваков чекор по познатиот скандал Вотергејт, кога веќе било јасно дека ќе се раздели со функцијата.

Капсулата била скриена, за да можат идните генерации да ја откријат вистината за вонземските цивилизации и за огромното влијание што влијаат на нашата планета. Во капсулата има исто така подетални информации за разумен организам со вонземски потекло, кој бил заробен кон крајот на 40-тите години на минатиот век од американски војници. Мерит е убеден дека капсулата е скриена добро и досега стои недопрена.