51 смртно болни луѓе се замрзнати во специјални замрзнати контејнери во рускиот центар “КриоРус”, соопшти Ruptly.

Се очекува тие да бидат воскреснати, откако ќе се открие лек за болеста . Постапката се нарекува криоконсервација. Друштвото се појави на рускиот пазар пред единаесет години и веќе има стекнато популарност, бидејќи е првата компанија надвор од САД за обезбедување на услугата криоконсервација која е за луѓе и животни. Во моментов компанијата има над 150 договори за замрзнување на болни луѓе или нивни роднини. Според научниот директор Игор Артјухов таа била создадена првично за неговиот тим и нивните блиски.
https://youtu.be/ApPFebZB1O4
Тие не планирале големо трговско претпријатие. Поради недостаток на средства, сепак тие почнаа да примаат и други заинтересирани. Оваа постаопка се постигнува со течен азот и со други специјални течности. Телата се држат замрзнати во контејнери, кои потсетуваат на огромен термос. Постапката станува популарна во целиот свет, но се уште не е докажано дали човек може да биде воскреснат, откако еднаш е замрзнат.