(ВИДЕО) СЕ УРНА авион во Малезија, пронајдени се девет тела

од Nikola Popovski

Најмалку девет лица загинаа во пад на мал авион во Малезија, соопшти денеска тамошната локална полиција. Оттаму додаваат дека се верува дека загинале сите патници, а неофицијално се говори дека се пронајдени девет тела.

Од цивилната авијација соопштиле дека во авионот имало шест патници и тројца членови на екипажот.

Медиумите објавија дека авионот кој летал од островот Лангкави за Селангор се урнал на автопатот и експлодирал при удар.

Повеќе детали за инцидентот се очекува да бидат објавени денеска по конференцијата на министерот за транспорт Ентони Локи.

Слични содржини