Штрајкот на судската администрација се радикализираше и излегоа на улица, откако десетина дена таа не наидоа на прием кај судските власти за решавање на нивните проблеми. Административците денеска протестираа пред Министерство за правда и пред судскиот совет. Тие бараат покачување на платите за ветените 35 %. Од УПОЗ најавија дека секојдневно ќе протестираат се додека не се исполнат нивните барања.

sud

Според последната одлука на УПОЗ,  од петок  судовите нема да издаваат уверенија со печат, а од понеделник нема да се работат постапките за обезбедување докази.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ  велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи 10-тина дена колку што трае протестот на судската администрација, нема интерес за преговори од страна на работодавачот

Слични содржини