ВИДЕО: Шварценегер зборуваше за своите внуки и откри како го нарекуваат

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

Познатиот актер Арнолд Шварценегер е дедо на две внуки со кои ужива да го поминува времето.

Како што е познато, неговата ќерка Кетрин е во брак со актерот Крис Прат и ги имаат ќерките Лајла и Елоиз. Арнолд сега проговори за своите внуки и откри како го нарекуваат.

„Ме викаат ‘Опа’. Тоа значи дедо на германски. Со нив е многу забавно, не ни сфатив колку ќе бидам добар во тоа, а имам и многу животни, па лесно ми е“, изјави актерот за People.

Едно од кучињата на Шварценегер се вика Чери, а малата Лајла е особено заинтересирана за него.

„Постојано бараат од мајка им да ги донесе да ги видат ‘Опа’ и Чери. Кога ќе дојдат, првото нешто што Лајла прашува е каде е Чери“, додаде актерот.

Тој исто така истакнува дека девојчињата се многу љубопитни и секогаш сакаат да ги пробаат колачињата што тој ги прави за коњите.

„Лајла доаѓаше и бараше колаче, иако ѝ објаснував дека тоа не е класично колаче, туку она што го јадат Лулу и Виски. Тоа е специфичен рецепт, во него нема шеќер, само мед. И ние го правиме за коњите, но и кучињата го сакаат“, истакна актерот.

Слични содржини