ВИДЕО: Силна експлозија на пристаниште во Турција, најмалку 12 лица повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија на пристаниште во северозападна Турција, соопштија властите.

Експлозијата се случила во складиште за жито во пристаништето Деринџе на северниот брег на Измитскиот залив.

Прелиминарната истрага покажа дека експлозијата била предизвикана од компресија при префрлање на жито од брод во силос, изјави Седар Јавуз, гувернер на провинцијата Коџаели

„Експлозијата се уште е под истрага“, додаде тој.

Градоначалникот на Коџаели, Тахир Бујукакин изјави дека тројца од повредените се пренесени во болница и се во тешка состојба.

Министерството за транспорт соопшти дека не бил погоден ниту еден брод.

Слични содржини