(ВИДЕО) Следен на потег е Ѓорге Иванов

од desk2

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од денеска поседува 67 пратенички потписи кои ќе му бидат предадени на претседателот Ѓорге Иванов, информира Телма.

Ова Иванов го побара откако првиот мандатар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не успеа да обезбеди мнозинство од најмалку 61 пратеник. Во член 90 од Уставот пишува дека претседателот е должен да му го даде мандатот на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Но, Иванов тогаш побара и одредени гаранции поврзани со унитарноста на државата.

„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност.“ – нагласи Иванов.

Експертите, пак, укажаа дека Иванов, со своите барања за потписи излегува од своите надлежности, и ја одолговлекува постапката за формирање Влада. Ова го потврди и професорот Љубомир Фрчкоски, во гостување на Топ Тема.

Целиот тескт може да го прочитате тука

loading...

Слични содржини