Еден маж од Амстердам предизвика огромен гнев бидејќи во рацете носел и јадел сурово месо на вегански фестивал за храна. Како што пишуваат странските медиуми, тоа очевидно бил негов начин на протест. 
Мажот, кој не сакал да го открие својот идентитет, ги вознемири посетителите на веганскиот фестивал кога се појавил и почнал со заби да го кине суровото месо, без да се осврне на околината, пишува „Бизнис Инсајдер“.
Сведоци тврдат дека со секое загризување од месото буквално течела крв, а дека негова цел била провокација покажува и маица што ја носел на себе со слоганот „Стани веган и умри”.
Полицијата интервенирала откако добила пријава од учесниците на Фестивалот, кој, наводно, е прв вегански фестивал на храна што досега е одржан во Амстердам.
https://youtu.be/unnzbghJB28