(ВИДЕО) Тензија: Роналдо за малку ќе го повредеше соиграчот Коентрао

од desk3
76 прегледи

638-397-kristiano-ronaldo

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо за малку ќе го повредеше клубскиот играч и сонародник Фабио Коентрао за време на тренингот. Трикратниот освојувач на “Златната топка” тргнува да влегува остро во нозете на Коентрао, а требаше дефанзивецот да скокне за да се заштити.

По она што се случи, Коентрао се одмори на теренот. Од распространетото видео се гледа дека следува краток разговор меѓу двајцата и останатите играчи, очигледно со цел разјаснување на ситуацијата.