(ВИДЕО) Цела Германија е шокирана од прошталниот маневар на командант на авион на Air Berlin со 200 патници

од desk4
111 прегледи

Патнички авион A330 на авиокомпанијата Air Berlin за малку ќе удреше во зградата на аеродромот во Дизелдорф. Снимката од кошмарниот инцидент е поставена на YouTube. На видеото се гледа како авионот лета на минимална височина над терминалот, а патеката за полетување и слетување останува зад него.

Според информација на Sputnik Deutschland опасниот маневар бил изведен од првиот пилот на Airbus A330, кој летал на маршрутата Мајами-Дизелдорф со 200 патници во авионот.

Се прецизира дека пилотот неодамна дознал дека ќе биде отпуштен поради банкротот на авиокомпанијата.

Ние сакавме достојно и емотивно да се збогуваме со сите, изјавил командантот, цитиран од ZDF. Пилотот истакнал дека повторното слетување бил одобрено од авиодиспечерите. Патниците и оние што чекале на аеродромот сепак биле шокирани и исплашени до смрт.

Јас одеднаш се сетив за 11 септември и за катастрофата со A320 во Франција, раскажува еден од патниците на авионот. Очевидец кој од аеродромот го набљудувал прошталниот гест, пак, вели: Имав чувство дека летралото нема да успее со маневарот и ќе се забие во терминалот.

Официјални претставници на авиопревозникот ја осудија одлуката на командантот на екипажот како спротивно на барањата за безбедност и ветиле дека ќе направат истрага.