
Активистка поврзана со движењето “Црните животи имаат значење”, беше снимена како со мегафон во рака за време на демонстрациите, поттикнува на насилство и убиства на луѓе. Во видеото, снимено на 29 јануари за време на протест во Сиетл, неидентификуваната жена, облечена во црна јакна со натпис “Црните животи имаат значење”, вреска: “Мораме да почнеме да убиваме луѓе. Прво, треба да почнеме да ја убиеме Белата куќа “, пишува Дејли Меил.
Жената тврди дека е професор по предучилишна подготовка. “Белата куќа треба да умре. Белата куќа, Сите претседатели, тие треба да си одат! Е * и Белата куќа “, вреска жената.
Додека т.н. учителка “проповеда”, некој од толпата викнала “изгорете го”.
Жената исто критикува капитализмот и ги повикува “белите” да ги вратат “на црните и домородци” парите и имотот„ вреска жената./извор Дејли мејл