Аргентински пожарникари беа принудени да урнат ѕид од куќа за да извлечат од дома жена тешка 490 килограми која е пренесена во болница на лекување.

Изабела (32), која живее во Розарио 340 километри северно од Буенос Аирес, од дома ја изнесоа сосе кревет прицврстен на камион на службата за цивилна одбрана, како што покажуваат фотографиите на дневникот „Кларин“, пренесе француски „Фигаро“.
Изабела во години живее потиштено, а голем дел од нејзиното тело нема никаква осетливост. Покрај тоа на нозете и се појавиле тумори од огромната тежина.
„Секогаш сум била дебела. Го напуштив училиштето поради дискриминацијата која ја трпев. Подоцна го продолжив школувањето за да бидам некој друг во животот. Денес ми се чини тоа невозможно“, вели таа.
Пред осум години Изабела имала 130 кг, а по смртта на татко и паднала во депресија.
„Сакам да се лекувам и да живеам“ извикала Изабела откако ја однеле во болница во Росарио.