Додека бунтовниците во Алепо се бомбардирани од страна на режимот на Башар Асад, сириското министерство за туризам пушти ново чудно видео на градот. Луксузен хотел, базен, зелен парк … Некој би мечтател да отиде на одмор во земјата. Се разбира, реалноста е друга – во видеото е прикажан западниот дел на Алепо, кој е под контрола на Асад.

Авторите избрале љубопитна песна, која ќе го засили влијанието на кадрите – имено саундтракот од хит серијата “Игра на престоли”.
Во Сирија се водат жестоки борби, но не на кино. Кој ќе победи на тронот?
Пред еден месец Министерството за туризам на Сирија пушти рекламен клип, насловен “Сирија е секогаш убава”. На кадрите беа прикажани плажите на град Тартус, лоциран на брегот на Средоземното Море.