Помеѓу многубројните драми, сценарија за ТВ-филмови и серии, либрета и радио драми, се вбројува и „Бушава азбука“, култната ТВ-серија од 1985 година, насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм и актерска игра.
Таа беше еден од најуспешните производи на МРТ, со кој многу генерации ја научија азбуката, па затоа пред ненадејната смрт на Стефановски вчеравечер, заедно со режисерот Унковски тој работеше и на втор дел од овој серијал.
Во неизвесност што ќе се случи со проектот сега, потсетуваме на првата сезона, во чест на големиот Горан со епизодата за буквата „Г’.