(Видео) За малку ќе настрадаше изведувајќи трик со BMX

од desk2
62 прегледи

Американскиот професионален возач на BMX, Ентони Наполитан, се обиде да изведе трик скокајќи и вртејќи се високо во воздухот со велосипедот, но можеше страшно да настрада.

„Не знам како поинаку би го опишал ова, освен дека имав многу среќа“, напиша 31-годишниот Наполитан на својот фејсбук профил.

Неговите следбеници и пријатели му советуваа да уплати лото, со оглед на тоа дека ваква среќа не се случува по втор пат.

Ако продолжи со ова темпо, порачуваат набрзо ќе стане шишкебап.

Ентони во петокот во еден скејт парк во Америка се обиде да направи салто напред преку два метри висока ограда со шилци, и да слета на тревата надвор од паркот, но се закачи на оградата.

https://www.facebook.com/AnthonyNapo/videos/10155815884573820/