[ВИДЕО] Зеленски опцул за време на жестоката расправија со Трамп

од Даниел Ѓорѓиевски
356 прегледи

Иако се очекуваше дека средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски ќе се одвива во позитивна насока, целиот свет е во  неверување од она што навистина се случи.

Имено, Зеленски, Трамп и Џеј Ди Венс влегле во вербална пресметка, по што украинскиот претседател, видно изнервиран, ја напуштил Белата куќа. По бурната средба, се појавија бројни детали, вклучително и такви што не им се прилегаат на светските лидери.

На социјалната мрежа „Х“ беше објавено видео од разговор во Овалната соба, а во описот стои дека Зеленски пцуел пред Доналд Трамп и Џеј Ди Венс.

Тој наводно изговорил една од најпознатите украински пцовки, „сука, блять!“, што во превод значи „ к***о, е***е!“.

Иако првично се претпоставуваше дека станува збор за монтажа, видеото од целата средба го докажа спротивното.

 

Слични содржини