dekor-860x680

Уметничка слика“ која ги прикажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со неговите најблиски соработници зад решетки, носеа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарената револуција“. Тие на овој начин ги исмејаа нарачаните слики што треба да бидат поставени во седиштето на партијата.

По почеток на протестот, пред Специјалното јавно обвинителство, каде што демонстрантите го испишаа транспарентот „Нашата уметност е бесплатна“, тие се упатија пред Владата, каде што повторно ја обоија зградата и ја „украсија“ со сликата.

timthumb (5)

Активистот Марјан Ненов пред Собранието порача дека со месеци протестира против „криминалната Регулаторна комисија за енергетика и „Балкан енерџи груп“, која благодарение на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е во Македонија.

13318909_10154183938239804_1599671592_n (1)

– Додека ние протестираме, тие прават план за изградба на парк со мајмуни во Аеродром. Зошто да прават парк за мајмуни кога си имаме златно Собрание. Да изберевме мајмуни, сега немаше да бидеме во минус и во криза туку ќе бевме на нула – рече Ненов.

Александар Кирацовски од СДСМ рече дека „Шарената револуција“ ги претворила бетонските зборови на Груевски во прашина.

13329798_10154183936669804_1900122744_n

Тој потсети на барањата на „Шарената револуција“ и истакна дека нема да дозволат селективна аболиција и можност да се спаси половина извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

13335386_10154183955084804_309585967_n

Освен зградата на Владата, демонстрантите вечерва повторно го боеја и Собранието.

Слични содржини