13318606_1616643491984089_2082159174_n-860x680

Фонтаната на плоштадот „Македонија“, и објектите на Владата и Собранието денеска повторно беа мета на чаталите на „Шарената револуција“. Тргнувајќи од пред Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите по булеварот Климент Охридски, се упатија кон владата.

Таму со два чатала ја обоија фасадата на владата и порачаа дека за секој одземен чатал, тие ќе се врќаат со два нови.

Извикувајќи „Нема правда, нема мир“ граѓаните се упатија кон портата „Македонија“ и плоштадот. Во фонтаната на споменикот „Воин на коњ“, тие истурија црвена боја и со графити испишани на плочките порачаа дека „ќе си го вратат Скопје“.

Откако ја обоија фонтаната, „Шарената револуција“ се упати кон Собранието. Јасмина Дуриќ, вработена во АРМ рече дека десет години ги гледа нечовечките притисоци на власта кон администрацијата и полицијата.

– Четиринесет години работам во АРМ и досега не добив никакво унапредување, напротив добив прекоманда во Кичево за да не можам да бидам дел од „Шарената револуција“. Направивте да не можам да контактирам со моите колеги, кои ме избегнуваат и се плашат да контактираат со мене бидејќи знаат колку е долга вашата рака и дека ќе сакате да им се осветувате и да ги деградирате. Десет години сум сведок на притисоците и на заканите што оваа власт ги прави врз административците. Се борам и протестирам за правдави ќе има правда и ќе има мир – рече Јасмина.

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека е дојден крајот на оваа власт и дека е време оние што краделе и што правеле криминали да одат во затвор и да ги вратат парите. Како што рече Спасовски, дошло време чесните луѓе да создадат влада која ќе се плаши од граѓаните и нема да дозволи никогаш повторно да се случи власт како онаа на Груевски.

– Не ми е јасно како оние Никола и Ахмети не сфаќаат дека е дојден крајот. Готово е Никола, веќе нема кој да ти помогне, ниту Миле со хилтата, ниту Гоце со тефтерчето, ниту Чавков со камерите – рече Спасовски.

По говорите на Дуриќ и Спасовски, боја доби и Собранието.


На денешниот протест, на „пикапот“ кој пред два дена беше запленет и вратен од полицијата, му се придружи уште едено возило, „застава 101“ кое беше обоено во боите на „Шарената револуција“.

Припадниците на „Шарената револуција“, кои денеска добија поддршка и од поранешната амбасадорка на Холанија, Симоне Филипини, порачаа дека додека не се исполнат нивните барања, нема да престанат да протестираат./ извор Мета

13349090_1616662478648857_797869113_n 13349083_1616649285316843_646552248_n 13348669_1616632145318557_908743594_n 13349118_1616638131984625_1362356558_n 13318606_1616643491984089_2082159174_n 13329917_1616640405317731_667301480_n 13329817_1616639815317790_45257368_n 13335359_1616625101985928_330322907_n 13318590_1616639855317786_1799487609_n 13318969_1616633011985137_1322717868_n 13330475_1616649255316846_116251602_n 13318507_1616650745316697_1308497041_n 13318458_1616649258650179_1585768457_n

 

Слични содржини