(ВИДЕО)Протести во Молдавија: Уапсени 54 лица, полицијата ги обвини руските служби за големи немири

од Nikola Popovski

Илјадници граѓани во Молдавија денеска излегоа на улиците на главниот град Кишињев за да протестираат против постојаното зголемување на цените. За време на протестот избувнаа нереди, за кои молдавската полиција ги обвинува руските служби.

Демонстрантите излегоа на протести со барање да се реши кризата што се појави предизвикана од новите поскапувања. Едно од барањата на Владата е на сите граѓани да им ги плати комуналиите за остатокот од зимскиот период.

На денешните протести избувнале и нереди, а тамошната полиција соопшти дека руската специјална служба финансирала неколку помали групи граѓани. Досега се уапсени 54 лица кои според полицијата се однесувале сомнително, а кај кои биле пронајдени забранети предмети меѓу кои и оружје.

Според локалните медиуми, илјадници луѓе излегле на протест, а во некои градови на Молдавија денеска се затворени патиштата со цел да се спречи доаѓањето на уште повеќе луѓе во главниот град. Поради ова, незадоволните почнале да ги блокираат патиштата.

Ова е трет протест организиран во Молдавија за само две недели.

Слични содржини