(ВИДЕО)Украинците тврдат: УНИШТИВМЕ руски систем за противвоздушна одбрана вреден 1,2 милијарди долари!

од Vladimir Zorba

Украинската армија уништи руски противвоздушен систем „Триумф“ вреден дури 1,2 милијарди долари на Крим, пишува украинска „Правда“.

– Целта беше нападната со беспилотни летала и ракети Нептун. Прво беспилотните летала ги погодија радарите и антените, а потоа погодија крстосувачките ракети Нептун – изјавил соговорник од службата за безбедност на Украина за „Правда’.

На социјалните мрежи се шират видеа кои наводно го покажуваат моментот на нападот на рускиот противвоздушен систем кај Евпаторија.

Русите не објавија информации за наводна загуба на вреден противвоздушен систем.

Нивното Министерство за одбрана само соопшти дека уништиле 11 беспилотни летала над Крим, како и пет морски дронови кои нападнале брод на руската морнарица во Црното Море.

Потсетуваме дека Крим е под руска окупација од 2014 година, а украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјавува дека Украина планира да го ослободи …

Слични содржини