Британското издание “The Telegraph” го изготви рејтинг на 10-те најдобри еколошки градови во светот.

На прво место се наоѓа главниот град на Шведска – Стокхолм. Градот сериозно ги намалил штетните емисии во својата атмосфера во последните 20 години. До 2050 година, пак, планира целосното прекинување на користењето на јаглен во енергетскиот сектор. Градот има сериозна предност пред останатите градови.
Еве ја и целосната листа:
1. Стокхолм (Шведска).
2. Велингтон (Нов Зеланд)
3. Канбера (Австралија)
4. Отава (Канада)
5. Единбург (Шкотска)
6. Монтевидео (Уругвај)
7. Талин (Естонија)
8. Хелсинки (Финска)
9. Монако
10. Мадрид (Шпанија)