Викендичките им го продолжуваат животот на сопствениците

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Честото одење во градини, живеењето во близина на парк или работењето во градината на викендичката го продолжува животот на луѓето во просек за 12 години.

Ова е откриено од научниците од Универзитетот Харвард, вршејќи анализа неколку години на здравјето на 108 жени, пишува “Дејли мејл”.
Жителите на урбаните џунгли имаат повисок праг на смртност, особено често се разболуваат од рак и воспаление на дишните патишта. Тие што живеат во руралните области од овие причини умираат меѓу 13 и 34 насто помалку.

Дополнителни фактори коишто го намалуваат ризикот од болести и смрт се живеење во куќи на село или одржувањето на дворот на викендичката. Ова се поврзува со фактот дека таму се води физички поактивен живот, бидејќи има еден куп работа во нејзината градина, а секако влијаат и мирот и спокојството што недостигаат во големите градови.

Покрај тоа, воздухот надвор од градовите е многу почист, бидејќи има многу растенија и дрвја, што недостигаат во индустриските области.