Викторија Бекам беше прашана дали е подготвена да стане баба: ,,Исусе! Што?’’

од Radmila Tasevska

Изгледа дека Викторија Бекам (49) сè уште не сака да стане баба. Таа се вознемири кога ја прашаа дали е подготвена за внуци за време на неодамнешното интервју за Vogue. „Исусе! Што?! Мислам дека сè уште не се случува тоа, освен ако не знаеш нешто што јас не знам, сè уште не се случува“, рече таа.

Инаку, најстариот син на дизајнерката и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, Бруклин, е во брак со актерката Никола Пелц (29) од април 2022 година.

По венчавката тогаш 24-годишникот изјавил дека би сакал да стане татко и да има десет деца со сопругата.

Слични содржини