Вирусот се шири во Словенија: Двојно повеќе заразeни, болничкиот капацитет треба да се зголеми

од Vladimir Zorba

Два пати повеќе заразени лица се регистрирани во Словенија во вторникот отколку претходниот ден, а поради зголемените хоспитализации, потребни се уште сто легла во болниците, соопштија властите.

Во последните 24 часа се потврдени 189 новозаразени со коронавирус, за разлика од 74 во понеделникот. Уште тројца пациенти починаа, објави словенечката влада.
Во Словенија, од почетокот на епидемијата се заразени 6.764 лица, а 159 од нив починале како резултат на Ковид-19. Поради големиот процент на заразени и зголемениот број хоспитализирани, владата најави нови мерки и зголемување на капацитетот на болниците.

Болниците во Словењ Градец и Чемпетер во близина на Нова Горица веќе се подготвуваат да ги примат заразените, а планот е да се прошират капацитетите на клиниката за инфектологија во Љубљана, која го носи товарот на епидемијата. Дополнителен проблем е што вирусот навлезе во некои поголеми болници во последните неколку дена, вклучително и во болницата во Јесенице и клиничките центри во Љубљана и Марибор.

Слични содржини