Висок владин функцуионер за Локално неофицијално брифира дека премиерот Зоран Заев нема да поднесе остака. Тој синоќа се вратил во Македонија и од утрово денеска имал средби на повеќе нивоа во Владата, а состаноци се одржале и во партиското седиште на Бихаќка.
Партиските и владините консултации доаѓаат откако вчера францускиот претседател Макрон одлучи да остане на својот став, да нема проширување на Европската Унија пред да се направат внатрешните промени.
Владиниот портпарол Мухамед Хоџа за Локално изјави дека засега нема најавено прес конференција на премиерот и додаде дека навремено ќе информираат доколку премиерот одлучи да се обрати на нацијата.
За во недела е закажана и лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, на која се повикани сите лидери на парламентарните партии.
А.Т.