Високата телесна температура во бременоста е поврзана со 34 отсто поголем ризик за аутизам кај децата.

Наодите се објавени во магазинот Molecular Psychiatry а се собрани од примерок од 95.754 деца родени во Норвешка меѓу 1999 и 2009 година.
Истражувањето спроведено на Универзитетот Колумбија во Њујорк сугерира дека ризикот за аутизам е дополнително зголемен на 40 отсто кај децата чии мајки имале висока температура во текот на второто тромесечие од бременоста.
Кај децата чии мајки имале најмалку трипати зголемена температура по 12 недела од бременоста ризикот за аутизам бил поголем за 300 насто.
Според податоците за САД, пореметувањата од аутистичен спектар се присутни кад едно од 68 деца.