„Вистински господин“: Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо Загреб и им честиташе на сите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Динамо го исфрли Тотенхем од Лигата на Европа со нереални 3-0. Поминаа неколку децении откако „сините“ од Загреб надоместиле 2:0 од првиот натпревар, а исто така и против силен англиски тим со еден од најдобрите тренери во светот.

Мислав Оршиќ е име што нема да се заборави така лесно на Островот, меѓу навивачите на Тотенхем, а нема да го заборави ниту Жозе Мурињо, тренерот на Спарси.

Сепак, Жозе остана голем во поразот и по натпреварот замина во соблекувалната на Динамо каде им честитал на фудбалерите на Динамо за историската победа, со зборовите „почит, навистина имате храброст, со среќа понатаму“.

Слични содржини