Постојат луѓе кои во кујната се снаоѓаат како цел живот да учеле за тоа, а ги има и оние кои се губат уште на самото отворање на фрижидерот.
Според астрологијата, ова се три хороскопски знаци кои најдобро готват:
Девица
Тие се перфекционисти и точно го следат секој рецепт, па поради тоа не ни прават грешки кога готват. Нив не им е битно набрзина да „смачкаат“ нешто, туку се грижат и за вкусот и за изгледот на она што го готват бидејќи добро знаат дека покрај со стоматкот, луѓето јадат и со очите.
Лав
Сакаат да користат свежи состојки и да ги комбинираат во гурмански оброци. Сакаат храната да е убаво сервирана во чинија, а исто така многу им е важно и во кујната нештата да бидат уредни и под конец. Храната која ја готват сакаат да ја споделуваат со пријателите.
Рак
Раковите сакаат да се грижат за другите, а тоа вклучува и добро да ги нахранат. Имаат талент за готвење вкусна храна и иако малку потфрлаат во сервирањето, загарантирано можат да ви приредат вистинска гозба. Секогаш бараат инспирација во книги за готвење.