Витаминот Це не штити од настинка: Место него земајте цинк

од desk2
69 прегледи

Истражувачите докажаа дека витаминот Це не е најдобар суплемент во борбата со настинките. Место него треба исхраната да ја збогатиме со цинк.

Иако многумина сметаат дека во сезоната на настинки најдобра заштита ќе им пружи витаминот Це, сепак научниците докажаа дека тоа не е точно.

Од обработени податоци од 67 студии, се покажало дека во борбата со настинките најефективен е минералот цинк.

Традиционалните лековити средства како ехинацеа, женшен, гел за олеснување на дишењето и лековите за кашлица, немаат јасни бенефити, додека антибиотиците прават повеќе лошо отколку добро.

Исто така, докажаа дека единствено земањето цинк може да помогне во превенција и лечење инфекции.

„Во најмалку два теста докажавме дека децата кои земале 10 до 15 милиграми цинк сулфат дневно имале понизок степен на настинки и помалку отсуствувале од училиште, вели доктор Мишел Алин, од одделението за семејна медицина о=на Универзитетот Алберта во Канада.

Иако студијата е направена на деца, сепак истражувачите веруваат дека нема зошто цинкот да не ги штити и возрасните.

За витаминот Це кој е најпопуларен витамин во светот, и за кој се верува дека успешно се бори со вируси и бактерии, сепак се вели дека нема дејство на настинките, освен што го скратува периодот на боледување.

Велат дека тој е антиоксиданс и ги неутрализира ефектите од слободните радикали со што го подобрува имунитетот.