Вкусен и ароматичен: Лековито дејство на салепот

од Elena Daskalova

Салепот е напиток што најчесто се пие во текот на студените зимски денови. Тоа е растение од родот на орхидеи, од кое се користи коренот.

Здравите и развиени корени се откопуваат кога растението цвета. Потоа, собраните коренчиња се мијат и се сушат по што се мелат и се добива салеп во прав.

Салепот се подготвува во топла вода или млеко, а откако ќе се свари се служи со цимет или ѓумбир.

Освен што е одличен за затоплување на организмот при ниски температури, салепот има и лековито дејство. Се препорачува при надразнетост на грлото и горните дишни патишта и ја намалува или спречува кашлицата. Исто така, може да помогне во смирување на стомачни тегоби.

Слични содржини