Ако сте љубители на пилешкото месо и сте фанови на здравата брокула, значи овој рецепт дефинитивно ќе го привлече вашето внимание. Тоа е идеален предлог како за ручек, така и за вечера.7ba53e85392819a3ef8ccc726507731b

Неодоливиот вкус на пилешкото месо и брокулите се дополнува со специјален сос со сенф и павлака.

Добрата вест е дека ќе треба да потрошите само околу 40 минути, за да приготвите сè. Така што доколку веќе сте го испланирале неделниот ручек, можете слободно да го зачувате рецептот за утрешниот работен ден.

Еве ги потребните производи:

– 2 пилешки гради;

– 1 глава брокула (сварете ја за 1-2 минути, ако сакате);

– 1/3 чаша брашно;

– 2 големи јајца;

– 2 лажици млеко;

– 3/4 чаши трошки;

– 1 пакетче масло;

– 3 чешниња лук – мелен;

– 1/4 чаша бело вино;

– 3 лажички сенф;

– 1/3 чаша пилешка супа (дополнително, ако е потребно);

– 1/3 чаша кисела павлака за готвење;

– Сол и бибер по вкус;

Начин на приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги пилешките гради на две половини. Потоа користете куварски чекан, за да ги направите потенки.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Ставете неколку розички брокула врз секое парче месо, посипете со сол и црн пипер и затворете со чепкалка за заби.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Подгответе ги јајцата, брашното и трошките. Тркалајте го секое пилешко прво во брашно, потоа во матени јајца и конечно во трошките. Внимавајте да не ги прекриете брокулите со смесата

Фото: thepioneerwoman.com

4. Се топи путерот во голема тава на умерена температура. Потоа секое парче пилешко загрејте го малку додека да се добие златна боја од секоја страна(по околу 3 минути од секоја страна).

Фото: thepioneerwoman.com

5. Потоа ставете го пилешкото во тава и ставете во рерна околу 10 минути.

Фото: thepioneerwoman.com

6. Додека пилето е во рерната, подгответе го сосот. Во истата тава на средна температура додадете лук и загрејте во текот на една минута. Намалете ја температурата и истурете го виното, повторно мешајќи. Потоа додадете сенф, промешајте и додадете пилешка супа.Конечно додадете павлака за готвење и повторно промешајте. Оставете ја смесата на шпоретот околу 5-6 минути додека да се згусне. Додајте сол и бибер по вкус.

Фото: thepioneerwoman.com

7. Служете пилето, со претходно облевање со со готовиот сос.

Слични содржини