Влада: Почит за жртвите во ужасните инциденти во Србија и заклучоци во делот на превенцијата

од Vladimir Zorba
170 прегледи

На владината седницата надлежните министерства информираа за активностите што се преземаат во нашата држава, во делот на превенција во училиштата, како и на државно ниво, за заштита од каков било вид насилство.

Од страна на Министерството за внатрешни работи е информирано дека во континуитет се преземаат активности во делот на превенцијата и дека се применуваат протоколите за безбедносна проверка за влез и излез на учениците во училиштата и околината од училиштата. Ваквите протоколи коишто се активирани по лажните дојави за бомби, сега ќе бидат засилени со дополнителни активности од страна на МВР.

Од страна на Министерството за образование и наука е информирано дека се изготвува прирачник за училиштата за постапување по однос на превенција од врсничко насилство и други видови насилство, како и дека се работи и на зајакнување на стручните психолошко – педагошки служби, таму каде има потреба.

Воедно, од денеска е отворена и електронска адреса [email protected], или на албански [email protected] каде што едноставно, со една порака ќе се пријавува врсничко насилство и по секоја пријава ќе се постапува веднаш.

Исто така, разгледани се можностите за одржување средби помеѓу задолжени екипи на МВР и педагозите и психолозите во училиштата, според предвидена динамика, со цел да се придонесе во пријавувањето евентуално врсничко насилство, или други видови проблеми од надлежност на министерствата за внатрешни работи и за образование и наука.

Со цел вклучување на сите засегнати министерства, следуваат средби како со МВР, така и со Министерството за труд и социјална политика и со Министерството за здравство.

На владината седница задолжени се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи да изготват Стратегија за превентивни активности, со чекори на државно ниво по којашто ќе бидат задолжени да постапуваат сите училишта, со цел рана превенција и заштита од несакани инциденти во училиштата и надвор од нив.

Слични содржини