Владата да ги реализира барањата на СОНК, бараат од Белата палата

од Vladimir Zorba

„Владата да запре со понижувањето и притисокот врз наставниците, и да ги реализира барањата на СОНК. Неодговорни се изјавите од владата дека немаат пари за покачување од 18% како што бара СОНК, а во исто време нивните генерални секретари склучуваат криминални физибилити студии тешки милиони“, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Несериозно е да зборуваат дека немаат пари за покачување на платите на наставниците, а во исто време да распишуваат оглас за да градат зграда за АХВ од над 8 милиони евра.

Потценувачки е да нема пари за наставниците, а секој месец во РЕК Битола да се склучуваат милионски договори за ископ, механизација, или друг вид на работи, на кои потоа се гледаат струмички камиони како вртат“, додаваат, меѓу другото, од Белата палата.

Слични содржини