Владата го прифати Предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација

од Vladimir Zorba

  Владата на Република Македонија на денешната 75.седница на предлог од Mинистерството за труд и социјална политика го прифати Предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација.

Од владината прес-служба информираа дека со Предлог – законот се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Целта на овој закон, како што се наведува, е да се гарантира принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.

Слични содржини