Владата го смени Деловникот – Ако има потреба, седниците ќе се водат и онлајн

од Aleksandar Todeski
406 прегледи

Во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на Владата, претседателот може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).

Ова е една од одредбите на изменетиот и дополнет Деловник за работа на Владата, донесен на вчерашната седница.

Промената на владиниот Деловник за работа предвидува и, ако има итна и неодложна потреба, колегиум да одржат државните секретари, исто така со примна на комуникациски средства.

-Генералниот секретар може да го отвори и води колегиумот со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки), наведува владината прес-служба.

Согласно измените, во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на работните тела на Владата, претседателот на работното тело може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).

Слични содржини