ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да дозволи да се собираат потписи за референдум, од СДСМ велат „иницијативата е нова измама“

од Берта Китинска

СДС да не се плаши од народот. Собранието да дозволи да се собираат 150 илјади потписи за Референдум.Власта да не се дрзнува преку Собранието и Талат Џафери да го оневозможи референдумското изјаснување.Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот.

-Ја повикуваме власта да покаже минимум демократски капацитет, и не само да не го опструира референдумско изјаснување, туку да одиме и на предвремени парламентарни и претседателски избори, повикуваат од опозицијата.

За владејачката партија референдумот е нова измама на Мицкоски.

-Иницијативата на Христијан Мицкоски за референдум е нова негова измама кон граѓаните, која нема да успее. Мицкоски по четири години бара референдум за договор кој самиот тој јавно пред бугарски официјални претставници го поддржа, реагират од СДСМ.

Тие велат дека Мицкоски по четири години бара референдум за договор кој самиот тој јавно пред бугарски официјални претставници го поддржа.

-Референдумот на Мицкоски е против македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ и е исклучиво за негова лична внатрепартиска употреба.Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.И самиот Мицкоски зане дека оваа негова измама нема да успее, знае и самиот дека нема поддршка од никого, дека и функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат.Цела година Мицкоски зборува за избори, за нови парламентарни мнозинства, ја лаже јавноста со наводна бугаризација и асимилација, пососчуваат од владејачката партија.

Слични содржини