ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат Владата

од desk4

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.

 

Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски, велат од ВМРО ДПМНЕ, коментирајќи дека имало слаба посетеност на вчерашниот митинг на СДСМ.

Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.

Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува, се  вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини