Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека партијата ќе поднесе кривични пријави до двајцата пратеници, иако позитивни на коронавирус, вчера дојдоа во скафандери во Собранието поради како што вели, да обезбедат кворум за 32-та седница.
-Присуството на двајца позитивни пратеници, спротивно на сите законски норми по никоја цена не беше оправдано, а секој обид за нивно воздигнување во т.н. статус на херој е срамен и безобразен чин во очите на вистинските херои на оваа пандемија, рече Мицевски.
Претседателот на Собранието, во врска појавувањето на пратеничката од СДСМ со скафандер, појасни дека согласност со протоколот за работа на Собранието во услови на ковид-19, кој бил донесен пред конститутивната седница на овој пратенички состав, а дополнет во ноември минатата година.