ВМРО-ДПМНЕ: Со Манифестот се гарантира владење на правото и правна држава

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека го става интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нуди Манифестот за единствена Македонија како граѓански концепт, додека пак со приведувањето на, како што наведуваат, наркодилери и мафијаши блиски до криминогеното раководство на СДСМ, граѓаните виделе дека партијата е дел од подземјето.

Сметаат дека СДСМ и Заев се исплашени и се лесен предмет на уцена и дека затоа тој и неговите соработници ја прифатиле тиранската платформа која, според нив, е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси.

Во соопштението е наведено дека Манифестот за единствена Македонија гарантира владеење на правото и правна држава како клучен услов за успех на државата.

– Во Манифестот предложен од ВМРО-ДПМНЕ се предвидува секој иден добитник на парламентарните избори да добие бонус 20 пратеници, во рамките на сегашниот број пратеници и согласно Уставот или пак да се воведе мнозински изборен модел. Ова е добар предлог со цел кој било победник на некои наредни избори да не биде уценет, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Манифестот е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес, а со неговото одбивање, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку тие се за поделби

loading...

Слични содржини