ВМРО-ДПМНЕ: Во еден мандат ќе бидат одвоени над 50 милиони евра за спортот, во форма на спортски денар од секој литар наточено дизел гориво

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека доколку дојде на власт по претстојните избори, ќе изгради спортски комплекси во Скопје и Битола. Според партијата на Христијан Мицкоски, „во еден четиригодишен мандат ќе бидат одвоени над 50 милиони евра за спортот, во форма на спортски денар од секој литар наточено дизел гориво“.

-Овие пари ќе бидат наменети за инвестирање во спортска инфраструктура, помош на професионалниот и масовен спорт, како и континуирана едукација на наставниот кадар во науката за спорт, велат од најголемата опозициска партија.

Оттаму додаваат дека спортскиот комплекс во Скопје кој ќе го носи името Национален спортско комплекс “Методија Андонов Ченто” ќе има фудбалски стадион, спортска сала, неколку помали сали, конференциски сали, фитнес сали, спортска медицина и спортски музеј, како и простор за спортските федерации.

-Спортскиот комплекс во Битола ќе опфаќа повеќе објекти од спортската инфраструктура кои и недостасуваат на Битола и регионот, стои во партиското соопштение.

Слични содржини