ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде само за Заев и неговите најблиски соработници

од desk2
117 прегледи

Пратениците на СДСМ вчера не собраа храброст да ѝ кажат не на недемократската, неспособна и расипничка влада. Пратениците од СДСМ и ДУИ се ставија во заштита на криминалот, корупцијата, неработењето, катастрофално лошите економски политики и заробената држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната собраниска седница на која беше изгласана доверба на Владата.

„Со секој изминат ден со Заев и врхушката околу него, стандардот на граѓаните пропаѓа, а државата трпи огромни штети. За 10 месеци откако е на власт, животот дојде само за Заев и неговите најблиски соработници.

1,5 милијарди задолжување, пад на индексот на корупција за 17 места, 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, 3,5 денари покачување на акцизата на нафтата, најава за покачување на даноците и многу други штетни политики ја носат државата кон бездна.

Оваа влада е најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Ниту знае, ниту умее, ниту работи во интерес на државата и нејзините граѓани.

Десетици истакнати граѓани, лекари, архитекти, уметници и режисери неосновано се влечат по судови и притвори. Само затоа што не се согласуваат да бидат слепи политички слуги на Зоран Заев. Десетици патриоти невино обвинети се предмет на политички терор затоа што Заев мисли дека на тој начин ќе го оттргне вниманието на народот од реалните проблеми во кои државата од ден во ден се повеќе тоне.

Граѓаните заслужуваат правна држава со стабилни институции. Тие заслужуваат економија која расте и нуди перспектива. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа влада мора да падне“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини