Внимавајте со јадењето на колбаси – има големи ризици од појава на астма

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Потрошувачката на шунка, салама и пушено месо најмалку 4 пати неделно може да ги зголеми симптомите на астма, покажуваат резултатите од истражувањето на научниците од францускиот Национален институт за здравство и медицински истражувања, пренесе Франс прес.


“Големата потрошувачка на колбаси е директно поврзана со повеќе симптоми на астма, ризикот е зголемен за 76 проценти за најголемите потрошувачи”, рече шефот на истражувањето Женг Ли.

Колбасите содржат нитрити кои го олеснуваат чување и им даваат розова боја.

Се сомневаат дека состојката игра улога за некои видови на рак и за воспаленија на респираторните патишта.

За да испитаат влијанието на колбасите на астмата, научниците следеле 7 години здравствената состојба на околу 1.000 луѓе, меѓу кои околу 400 астматичари.

Учесниците беа поделени во три групи во зависност од консумацијата ина колбаси – мала (помалку од една порција неделно), средна (2,5 порции неделно) и голема (над 4 порции неделно).

Учесниците беа интервјуирани меѓу 2011 и 2013 година, за да се разбере дали имале симптоми на астма од вклучувањето во студијата во периодот 2003-2007.

Просек 20 отсто истакнале дека симптомите се зголемиле, како процентот сооднос варира помеѓу 14 отсто за малите потрошувачи и 22 проценти за големите.

Ги зеле предвид 9 фактори кои можат да предизвикаат конфузија, меѓу кои возраст, пушење, физичка активност, пол, при што научниците заклучиле дека оние кои конзумираат најмногу шунка и салама се со 76 отсто поголем ризик од појава на симптоми на астма во споредба со оние кои консумираат помалку колбаси.

Изненадувачки е дека поголемиот од потрошувачите на колбаси е поврзана со појава на симптоми од астматичен тип кај луѓе кои не се погодени од астма.