Откако бурата “Медуза” направи пустош по камповите и ги поплави патиштата, во Грција, сега се наближува бурата “Харибда” со облаци кои ќе предизвикаат дополнително поголеми врнежи во многу делови на земјата. Грчките власти ги предупредат граѓаните, но нагласуваат дека нема простор за паника, пишува грчкиот портал “Ola Deka”.

Најголемите врнежи се очекуваат кон средината на оваа недела, а на приближувањето на “Харибда” предупреди и грчкиот метеоролог, Сакис Арнаоутоглоу на својот Фејсбук профил, каде што напоменува дека новиот бран на невреме ќе донесе тешки и поројни дождови, а најмногу ќе се почувствува на островите Спорада.
Според неговите проценки, на Олимп се очекува и снег, а ваквите врнежи ќе бидат од 50 па дури до 200 мм на метар квадратен. 

Погледнете што направи Медуза деновиве:
