Во 2019 најмногу се твиташе за пожарот во Нотд Дам

од Elena Daskalova

Пожарот што избувна во катедралата Нотр Дам во април оваа година предизвика трајна материјална и историска штета, а во исто време предизвика и најбурни реакции кај јавноста, барем кога се работи за социјалните мрежи.

Според податоците на Твитер, оваа година најмногу твитови се напишале под хаштагот #NotreDame, кога се во прашање настаните кои го одбележаа светот. Потоа е Реива, ерата на новиот јапонски цар, а на трето место се протестите во Венецуела.

Од Твитер секоја година издвојуваат најтвитани теми глобално. Овојпат тие објавија податоци само од категоријата вести, а до крајот на годината се очекува да ги опфатат сите теми за кои твитерџиите беа најгласни.

Слични содржини