Во Африка во тек се 15 клинички испитувања на вакцини за коронавирус

од Vladimir Zorba

Петнаесет клинички испитувања на вакцини против коронавирус се во тек во Африка, според Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Пет испитувања се спроведуваат во Јужна Африка, четири во Египет и по едно во Гвинеја-Бисао, Гана, Уганда, Кенија, Замбија и Зимбабве.

Африканските нации се здружија во борбата против пандемијата, соочени со болни сеќавања на милиони Африканци кои починаа во деценијата пред да бидат достапни лекови за ХИВ на континентот.

ЦДЦ проценува дека на Африка ќе и бидат потребни 1,5 милијарди дози вакцини за коронавирус, што би било доволно за 60 проценти од населението да добие по две дози.

Вакцините и нивната испорака може да чинат до 10 милијарди долари, а доставата низ целиот континент ќе биде голем предизвик.

Коронавирусот во Африка досега е потврден кај повеќе од 1,5 милиони луѓе, од кои повеќе од 36 000 починале.

Слични содржини