Во Англија: Алегри доаѓа на Стемфорд Бриџ

од Vladimir Zorba

Повторно Италијанец ќе го води Челзи следната сезона, а според весникот „Сан“, Масимилиано Алегри сигурно ќе го замени Антонио Конте.

Сезоната е доста фрустрирачка за „Сините“, кои се на пат да останат и надвор од Топ 4, заостанувајќи на 8 поени од Тотенхем, што ги прави деновите на овој тренер изброени. Единствената шанса за трофеј е ФА Купот, а во полуфиналето на турнирот, тимот од Лондон игра со Саутемптон.

Роман Абрамович, сепак, ќе ја задржи италијанската врска, а се тврди дека самиот Алегри е подготвен да го напушти Јувентус и да преземе кон „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на кампањата.

„Јас ќе работам во странство. Во Италија нема да водам друг тим освен Јувентус“, објави неодамна специјалистот, кој го наследи Конте на чело на „Старата Дама“, а сега е на пат да го направи истото и во Челзи.

Пред извесно време тој беше поврзуван и за Арсенал, а во моментов напорно учи англиски, што јасно покажува каква ќе биде следната дестинација за него во неговата кариера.

Слични содржини